Романо: Солскјер доби отказ како тренер на Манчестер Јунајтед

од Vladimir Zorba
336 прегледи

Новиот пораз на Манчестер Јунајтед, и тоа убедлив од Вотфорд, го чинеше Оле Гунар Солскјер работата. Така одлучи Управниот одбор по повеќе часовната седници.

Оваа информација ја пренесе еден од најсигурните фудбалски инсајдери, Фабрицио Романо.

Тој најави дека ваквата одлука ја донел Управниот одбор на Манчестер Јунајтед кој заседавал пет часа по срамниот пораз од Ватфорд на „Викариџ Роуд“.

Имено, Манчестер Јунајтед загуби со 4:1 во натпреварот против Ватфорд.

Останува само одлуката да ја верификува првиот човек на клубот Џоел Глејзер за клубот да ја официјализира.

Манчестер Јунајтед го претрпе петтиот пораз во последните седум натпревари во Премиер лигата, а на последните пет натпревари тимот прими дури 15 гола.

Слични содржини