Ненад Бјелица се уште не е сигурен на клупата на Динамо и покрај победата против Вараждин во последното коло од есенскиот дел на хрватската Прва фудбалска лига. Иако се чинеше дека ја има обезбедено тренерската позиција, на „Максимир“ се уште има поделеност околу неговата иднина.
Според информациите кои ги објави најпознатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, Динамо размислува за промена на тренерот.
Фабио Канаваро е првиот избор на Динамо за нов тренер доколку клубот одлучи да го замени Бјелица. „Хрватскиот клуб го гледа Канаваро како совршен избор и е водечки кандидат“, дознава Романо.
Да потсетиме, веќе во септември, по отказот на Сергеј Јакировиќ, од Италија се шпекулираше дека Динамо размислува за Канаваро, но потоа одлуката падна на враќање на Бјелица.
Канаваро, 51-годишен легендарен фудбалер и добитник на Златната топка во 2006 година, го имаше својот прв независен тренерски ангажман во кинескиот Гуангжу Евергранде, каде подоцна се врати и го освои кинескиот шампионат во 2019 година. Ги водеше и саудискиот Ал-Наср и кинескиот Тианџин Куанџиан, а кратко време беше и привремен селектор на Кина.
Минатата година се врати во Италија, го презеде Беневенто, но таму остана само пет месеци. Во април 2023 година го презеде Удинезе и го спаси од испаѓање од Серија А, но го напушти клубот по само шест натпревари.