Романската црква ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА

од Nikola Popovski
207 прегледи

Светиот Синод на Романската православна црква (РПЦ) одлучил да ја признае автокефалноста на Македонската православната црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), според томосот издаден од Српската православна црква (СПЦ) на 5 јуни 2022 година, пренесува „basilica.ro“.

Архиепископот Стефан, поглавар на МПЦ-ОА на литургијата од страна на романскиот патријарх Даниил ќе биде именуван како „Неговото Блаженство, Архиепископ Охридски, Скопски и на Северна Македонија“, според одлуката на РПЦ.

Во мај минатата година, СПЦ едногласно излезе во пресрет на молбата на МПЦ-ОА, ја одобри и ја прифати автокефалноста. Ваквата вест ја сооопшти српскиот партијарх Порфириј, поглаварот на СПЦ, на заедничката божествена литургија со г.г. Стефан, која тогаш се одржа во соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје.

Слични содржини