Контроверзниот сопственик на Стеауа, познатиот романски клуб и поранешен европски шампион, кој сега го има името ФЦСБ, Џиџи Бекали, им забрани на фудбалерите и на стручниот штаб да се вакцинираат. Во тој тим, само еден фудбалер бил вакциниран и еден член од стручниот штаб.
– Ако имав пиштол и вакцина на масата, попрво би го земал пиштолот и ќе си пукам во глава! Во мојот клуб нема да има вакцинација. Играчите знаат дека кога им кажувам како претседател дека тоа не е добро за нив, тогаш ја кажувам вистината. Играчите сакаат да ме слушаат. Не принудив никого во моето семејство да се вакцинира, сите се откажаа кога им ја кажав метафората со пиштолот, изјавил Бекали за романските медиуми.
Инаку, двајца фудбалери во моментов се заразени со коронавирус во тој тим, Јулијан Кристеа и Разван Оаида, кои нема да бидат во поширокиот состав за следниот натпревар.