Романскиот модел Александра Кефрен успеа да ја продаде својата невиност за 2,3 милиони евра. Крупната сума е платена од бизнисмен од Хонг Конг.

Минатата година, кога имаше 18, таа ги пленеше Британците во ТВ интервју со тажната приказна дека ја продава невиноста за да може да учи во Оксфорд.

Александра предложи прв секс за милион евра или околу 850 000 фунти. Идејата ѝ дошла откако го гледала филмот “Непристоен предлог” – во него херојот на Роберт Редфорд ѝ нуди на Деми Мур 1 милијарда долари, за да ја помине ноќта со неа.

Освен за образованието во Оксфорд, Александра сакала да го плати и домот на родителите.

Тогаш таа пушти предизвикувачки фотографии во различни социјални мрежи за да привлече повеќе кандидати.

Интересот за неа бил огромен и доби предлози од целиот свет, а највисоката понуда била на анонимен маж од Хонк Конг.

“Бев решена дека подобро е да ја продадам невиноста отколку да ја подарам на некој иден дечко кој и онака ќе ме напушти во одреден момент”, категорична е девојката.

Дел од сумата ќе отиде во агенцијата “Синдарела ескортс”, која ја организира средбата со резервација во хотел и ќе ја придружува Кефрен до актот со бизнисменот. Романката призна дека веќе разговарала со купувачот и меѓусебно си се допаднале.