49
Неколку часа откако преживеал една авионска несреќа, пилот на мал авион во Романија загинал во друг.
Падот на малиот авион ICP Savannah S се случил вчера околу 19 часот во општина Јуриловца, на брегот на Црно Море, кратко по полетувањето. Загинатиот 54-годишен пилот имал повеќе од 200 часа налет, а само неколку часа претходно преживеал пад на сличен авион, во кој летал со 18-годишниот син. Нивниот авион тогаш се превртел при слетувањето, но за среќа обајцата минале без повреди.
Потоа повикале други пилоти да ги превезат од местото на несреќата, и заминале во две одвоени летала, од кои едното, во кој бил 54-годишниот пилот, се урнало, извести романската Про ТВ. Во овој пад животите ги загубиле двете лица во авионот.