Романскиот министер за одбрана Ангел Тилвар изјави дека за време на нападот врз украинското пристаниште на Дунав, делови од руски дрон паднале на територијата на Романија.
Претходно, романското министерство за одбрана ги демантираше украинските наводи дека делови од беспилотно летало паднале на романска територија.
Изминатите недели, Русија постојано ги бомбардираше пристаништата на Дунав, а многу од нападите беа извршени веднаш до границата со Романија. Романското министерство за одбрана ги осуди тие нападите оценувајќи ги како неоправдани и кршење на меѓународното хуманитарно право.
Руските сили денеска со беспилотни летала ги нападнаа украинските пристанишни објекти во областа Измаил на Дунав, при што загина едно лице, изјави локалниот гувернер Олех Кипер.