Романскиот новинарски синдикат покрена тужба против државната РТВ- „непочитување на законот за информации од јавен интерес“

од desk3
87 прегледи

conducerile-radioului-si-tvr--chemate-in-justitie-_346551
Романскиот новинарски синдикат МедијаСинд покрене тужба против раководствата на државното радио и државната телевизија поради наводно „непочитување на законот за информации од јавен интерес“ и повика на нивно разрешување.

Како што јави БТА, МедијаСинд истовремено бара судот и Националната дирекција за борба против корупцијата да поведат истрага во врска со сознанијата за „злоупотреба на парите на граѓаните“ од страна на раководствата на двата државни медиуми.

– Иницијативата се базира на констатацијата дека националното радио и телевизија прават огромни трошоци врз основа на договори со адвокатски фирми за голем број дела поврзани со правата на нивните вработени. Така, само во процесот за отпуштањето на лидерот на синдикатот во радиото Адријан Моисе, раководството потрошило над 10.000 евра, се посочува со соопштението на синдикатот.

МедијаСинд најавува и дека ќе поднесе тужби против генералните директори на националното радио и националната телевизија, Овидиу Микулеску и Стелијан Танасе за „злоупотреба на службената положба, бидејќи свесно не го почитувале законот“./МИА