Романското обвинителство го промени обвинението за трговија со луѓе на Ендрју Тејт

од Stefanija Kuzmanovska
345 прегледи

Романските обвинители објавија дека го смениле обвинението за трговија со луѓе со кое го истражуваат инфлуенсерот Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан.

Според Ројтерс, обвинителите денеска (13-ти јуни) соопштија дека Тејт, неговиот брат и уште двајца осомничени сега се под истрага за трговија со луѓе во континуирана форма.

Тие рекоа дека станува збор за посериозно кривично дело од одделните точки за трговија со луѓе што официјалните лица претходно ги истражуваа.

Браќата Тејт и двете Романки во моментов се во домашен притвор додека властите ги испитуваат поради сомневање за трговија со луѓе, силување и формирање криминална банда за сексуална експлоатација на жени.

Сите четворица обвинети ги негираат наводите изнесени против нив, а Ројтерс известува дека правните застапници на Ендру и Тристан Тејт рекле дека промената на обвиненијата била во нивни „правен интерес“.

Тие рекоа: „Правната рамка е ревидирана и изменета за да се обезбеди непристрасна истрага“.

Романската Дирекција за истражување на организиран криминал и тероризам (DIICOT) ги извести четворицата обвинети дека нивното обвинение за трговија со луѓе што тие го истражуваа, е сменето во трговија во континуиран облик.

Случајот против нив првично идентификуваше шест жени и DIICOT оттогаш додаде уште едно лице на списокот на жртви.

Обвинетите првпат беа уапсени на 29 декември кога романската полиција изврши рација во замокот на Тејт и тој остана во притвор до 31 март, по што беше ставен во домашен притвор.

Во првичното апсење, DIICOT рече дека шесте жртви што првично ги идентификувале биле подложени на „акти на физичко насилство и ментална принуда“ од наводната криминална група.

DIICOT додаде дека групата користела нешто наречено „метод на љубовник“ за да ги намами жртвите пред да бидат принудени да создаваат порнографска содржина.

Слични содржини