Напаѓачот на белгиската репрезентација, 31-годишниот Ромелу Лукаку и официјално се пресели од Челзи во Наполи. Лукаку минатата сезона ја мина на позајмица во Рома, а претходната во Интер. Белгиецот во нападот на Наполи би требало да го замени Нигериецот Виктор Осимхен, кој би можел да биде продаден во самиот крај на преодниот рок.
Наполи плати 30 милиони евра плус бонуси за Лукаку. Играчот потпиша договор до 2027 година, со пријавена бруто плата од 12 милиони евра по сезона. Ова ќе биде четврти пат Лукаку да игра во Италија.
За Интер играше од 2019 до 2021 година, а откако се пресели во Челзи, мина уште една година на позајмица во Интер (2022-2023). Минатата година беше на позајмица во Рома.
Ова е втор пат Челзи да го продаде Лукаку. За прв пат го продаде во 2013 година за 35 милиони евра на Евертон каде беше одличен. Од Евертон замина во Манчестер Јунајтед, а потоа во Интер, каде беше најдобар стрелец и шампион во италијанската лига.
После тоа, Челзи го врати од Интер за 113 милиони евра, но тој не импресионираше во Англија.