Роналдињо наскоро ќе биде ослободен од куќен притвор, но го чекаат нови проблеми

од Vladimir Zorba

Роналдињо е при крај на отслужувањето четиримесечен куќен притвор заради лажен пасош со кој сакаше да влезе во Парагвај.

Легендарниот фудбалер се уште е во куќен притвор во Парагвај, заедно со неговиот брат Роберт, кој користел лажни пасоши за да влезе во оваа латиноамериканска земја на 5 март.

И двајцата се во куќен притвор откако платиле 1,2 милиони фунти, но сега се под нов потенцијален удар затоа што парагвајските власти истражуваат перење пари.

Сепак, тие би можеле привремено да бидат ослободени бидејќи нивните адвокати работат на ослободување овој месец.

Неодамна, Апелациониот суд ја отфрли жалбата и барањето за ослободување, а Роналдињо се жалеше на третманот.

– Луѓето во нивните домови треба да замислат како е кога не можете да го направите она што сте навикнати. Мислам дека тоа е нешто што ќе остане кај сите нас што поминуваме низ ова комплицирано искуство. Се надевам дека ова ќе заврши наскоро и дека сите ќе можеме да одиме дома и да живееме како порано – изјави Роналдињо за Мундо Депортиво.

Патем, поради финансиските малверзации, тој веќе беше под напад од бразилските власти – должеше 1,5 милиони фунти данок на својата земја, а познато е дека истовремено користел бразилски и пасоши на ЕУ .

Слични содржини