Роналдињо ослободен од затвор во Парагвај

од Vladimir Zorba

Поранешната суперsвезда на Барселона, Роналдињо е ослободен од затворот во Парагвај по само 32 дена, откако требаше да одлежи шестмесечна казна поради фалсификувана документација, пренесе Дејли Мејл.

Четириесетгодишниот Бразилец ќе биде сместен во куќен притвор во хотел во главниот град на земјата Асунсион, откако наводно платил кауција од 1,3 милиони фунти.

И тој и неговиот брат Роберто беа обвинети за обид за влез во земјата со лажни пасоши минатиот месец.

Слични содржини