Роналдо бесен: Добро сум, ПЦР тестот е с*ање

од Vladimir Zorba

Јувентус ќе биде домаќин на Барселона во дербито на колото денеска од 21 часот, но љубителите на фудбалот нема да можат да уживаат во дуелот меѓу двајцата најдобри играчи на денешницата, Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Причината? Португалецот е сè уште позитивен на коронавирус и е во самоизолација.

И покрај фактот дека тој воопшто нема симптоми, вториот тест покажа дека Кристијано Роналдо сè уште го носи вирусот Ковид-19, што ќе го спречи да се врати на терените.

Сето тоа жестоко ја иритираше ѕвездата на Јувентус и репрезентацијата на Португалија, која се огласи на социјалните мрежи.

„Јас се чуствувам добро. Јас сум здрав! Напред Јуве! – напиша Кристијано, а во коментарот додаде и мислење за тестирање на коронавирус.

„Тестот за PCR е с*ање“, избувна Португалецот.

Слични содржини