📸Роналдо до Мбапе: Јас сум на ред да гледам како го осветлуваш „Бернабеу“

од Vladimir Zorba
1,8K прегледи

Една од поранешните ѕвезди на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, ја изрази својата поддршка за најновото засилување на шпанскиот гигант, Килијан Мбапе, откако беше објавен трансферот на Французинот.

Португалецот ја коментираше објавата на Мбапе на социјалните мрежи, велејќи: „Јас сум на ред да гледам како го осветлуваш „Бернабеу“, сподели Роналдо.

Во својата оригинална објава, со која самиот Французин најави дека неговото доаѓање во Реал е остварување на сонот, Мбапе додаде и фотографија со CR7 во времето кога Роналдо веќе беше ѕвезда на кралскиот клуб.

Во понеделникот вечерта официјално беше објавен трансферот на Килијан Мбапе во Реал. Неговиот договор со Мадрид е на 5 години.

Слични содржини