442
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо е еден од ретките избрани луѓе што ја има честа да го има најскапиот примерок на позната марка часовници.
Роналдо носи 450.000 евра скап Rolex GMT Master Ice на раката.
Часовникот е изработен од 18 каратно бело злато. Покрај тоа, 30 карати бели дијаманти се вградени во нараквицата и рамката. Часовникот е опишан како „совршен спој на екстравагантен луксуз и технолошка иновација“.
Секако, за Роналдо оваа цена е вистинска ситница. Во 2020 година, според „Форбс“, тој бил најплатениот спортист во светот и единствениот фудбалер милијардер.
Според достапните податоци, тој заработува нешто повеќе од 120 милиони евра годишно.