Роналдо го купи најскапиот стан во Лисабон (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
252 прегледи

После подарокот на неговата девојка Џорџина во форма на луксузна куќа во Мадрид, кој се проценува на 2,5 милиони евра, сега „се појави“ и последната инвестиција на Кристијано Роналдо. Тоа е најскапиот стан во Лисабон, кој надминува 7,2 милиони евра и се наоѓа во најексклузивната зграда во градот.

Станот од 287 квадратни метри, изграден во срцето на португалската престолнина, се наоѓа во прекрасната зграда „Кастиљо 203“ на 20-ти кат од блок од 19 станови и има спектакуларен поглед од 360 степени, пишува „Ла Разон“ ”

Но, без сомнение, вистинскиот „скапоцен камен“ е базенот кој се наоѓа на покривот на зградата и му припаѓа на станот на Кристијано. Околу него има место за одмор.

Португалската sвезда веќе поседува недвижен имот во Мадрид, Торино, Мадеира, Манчестер и Њујорк.