Роналдо го одби Дејвид Бекам

од Vladimir Zorba
230 прегледи

Кристијано Роналдо ја одби понудата на легендата на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам да премине во Интер Мајами. Англичанецот пред извесно време ја сподели намерата да се обиде да го убеди својот добар пријател да замине во САД, но очигледно за CR7 се уште не е време за таков чекор.

Во последните неколку дена шпекулациите за иднината на Роналдо доаѓаат една по друга. Се зборува дека Португалецот е крајно незадоволен од тоа како се развива селекцијата во клубот и почнува да губи надеж дека „црвените ѓаволи“ ќе имаат борбен тим за следната сезона. Токму поради оваа причина се појавија гласини дека Жорже Мендеш им го понудил Роналдо на Баерн (Минхен) и Рома, а минатата недела агентот разговарал со новиот сопственик на Челзи, Тод Боли.

На „Олд Трафорд“ дефинитивно немаат намера да се разделат со Кристијано, а денеска медиумите на Островот тврдат дека Ерик тен Хаг дури ќе му ја додели капитенската лента на Португалецот за следната сезона.