Роналдо го претстави новиот дрес на Јунајтед, но веројатно нема да го носи повторно

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Манчестер Јунајтед официјално го претстави дресот за следната сезона.

Дизајнот на дресот, кој има јака, потсетува на некои од легендарните имиња и моменти во историјата на „црвените ѓаволи“ од 90-тите, кога го носеа икони како Ерик Кантона и Дејвид Бекам, кои исто така беа дел од презентацијата на дресот.

Интересно, едно од главните лица во настапот е уште една легенда која се уште игра во ликот на Кристијано Роналдо, за кој, сепак, на големо се шпекулира дека најверојатно ќе си замине и нема да го носи дресот што го претставува низ кампањата.