11
Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо го продолжи договорот со Ал-Наср, објави новинарот Николо Шира на своите профили на социјални мрежи.
Новиот договор на 40-годишниот фудбалер со клубот е до 2026 година.
Роналдо се пресели во Ал-Наср на крајот на декември 2022 година. Заедно со тимот од Ријад, Португалецот една година подоцна ја освои арапската Лига на шампиони.
Португалскиот весник „А Бола“ открива дека платата на Роналдо ќе биде 200 милиони евра годишно.
Оваа сезона напаѓачот одигра 26 натпревари за Ал-Наср во сите натпреварувања, постигнувајќи 24 гола и 4 асистенции.
Кристијано Роналдо во својата кариера ги носеше и дресовите на Манчестер Јунајтед, Јувентус, Реал Мадрид и Спортинг Лисабон.