Манчестер Јунајтед доби тежок удар пред гостувањето кај градскиот ривал Манчестер Сити.
Како што пренесуваат островските медиуми, Кристијано Роналдо не се појавил со тимот во карантин пред мечот со „граѓаните“, а причината е што се уште не е опоравен од повредата која го мачи од мечот со Вотфорд.
Најдобриот стрелец на Јунајтед на тој начин ќе го пропушти натпреварот кој се игра од 17.30 часот на „Етихад“.