Роналдо го убедил Симеоне да се преели во Атлетико?

од Vladimir Zorba
144 прегледи

Кристијано Роналдо го убедил Диего Симеоне да го доведе во Атлетико Мадрид, изненадувачки објави утрово весникот АС. Португалската ѕвезда сака да го напушти Манчестер Јунајтед и да се пресели во клуб кој игра во Лигата на шампионите и има шанса да стигне до финалната фаза на турнирот, услов кој Мадрид го исполнува.

Менаџерот на играчот, Жорже Мендеш веќе неколку недели го нуди на некои од најголемите клубови, но Баерн (Минхен) и Челси ја одбија можноста да го ангажираат. На крајот Роналдо лично разговарал со Диего Симеоне, информира изданието и успеал да го убеди дека со него во својот состав „јорганџиите“ имаат шанси за успех. Минатата кампања стигнаа до четвртфиналето на турнирот, каде што беа елиминирани откако тесно загубија со 1-0 во двата меча од Манчестер Сити.

Португалецот се уште не се приклучил на летниот тренинг-камп на „црвените ѓаволи“ и печатот продолжува да шпекулира дека тоа е токму поради желбата на играчот да ја промени клупската припадност. Тој е поранешен играч на Реал Мадрид, каде во периодот од 2009 до 2018 година постигна 311 гола на 292 натпревари, но му кажал на Симеоне дека нема проблем да се врати во Мадрид, но во тимот на Атлетико. Цената на поранешниот играч на Јувентус се очекува да биде меѓу 15 и 20 милиони евра.