Роналдо и официјално побара да го напушти Јувентус

од Nikola Popovski
191 прегледи

Кристијано Роналдо дефинитивно побара да ги напушти редовите на Јувентус, по неколкудневна неизвесност.

Дури и по завршувањето на сезоната 2020/2021, имаше индиции дека Роналдо може да го напушти Торино, но од двете страни стигна информација дека тие сепак сакаат да ја завршат последната година од договорот со „старата дама“.

Сепак, по заминувањето на Лионел Меси од Барселона во Пари Сен Жермен, следуваше офанзивата на Манчестер Сити кон Португалцето, која беше неофицијална, се додека самиот Роналдо не побара од Јувентус да даде „зелено светло“ за трансферот.

Роналдо поднел официјално барање за заминување, според зборовите на италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Набргу потоа, колегата на Роман, Џанлука Ди Марсио објави дека Јувентус ќе добие понуда од околу 30 милиони евра, што треба да биде доволно за еден од најдобрите играчи во 21 век да стигне на „Етихад“, па останува само прашање на денови кога Португалецот ќе ја облече опремата на клубот од Манчестер.