Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо официјално се врати во Манчестер Јунајтед, објави денеска клубот.
Како што се наведува, Роналдо потпиша двегодишен договор со „црвените ѓаволи“, со можност за продолжување на уште една сезона.
– Јунајтед е клуб кој отсекогаш имал посебно место во моето срце. Воодушевен сум од пораките што ги добив откако беше објавено во петокот дека ќе се вратам. Едвај чекам да играм на „Олд Трафорд“ и повторно да ги видам навивачите. Со нетрпение очекувам да се приклучам на тимот по натпреварите со репрезентацијата и се надевам дека не очекува многу успешна сезона, изјави Роналдо за клупската веб -страница по потпишувањето на договорот.
Португалецот го напушти Јувентус во петокот, кога беше потврдено дека ќе се врати на „Олд Трафорд“, каде што беше во првиот мандат од 2003 до 2009 година.