Роналдо има уште две цели: Идејата за првата ја доби од Леброн, втората е 1.000 гола

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Кристијано Роналдо (39) ќе остане запаметен како еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот. Во блескавата кариера, петкратниот освојувач на „Златната топка“ освои се што можеше да се освои со клубот, а со португалската репрезентација стана европски првак. Ја проби границата од 900 голови, а пред себе има уште најмалку две цели.

Роналдо сака да стане првиот фудбалер во историјата кој постигнал 1.000 голови на официјални натпревари. Тоа е една цел. Втората цел е она што Леброн Џејмс го оствари оваа година, а тоа е играњето со својот син. Џејмс тоа го направи во НБА кога Брони стапна на подот покрај него. Роналдо би сакал да остане на теренот доволно долго за да дочека да му се придружи Кристијано Џуниор (14). Моментално е во фудбалската школа на Ал-Наср, клубот за кој игра Роналдо.

Ова го откри Рене Меуленстин, тренер кој дел од кариерата мина во Манчестер Јунајтед, а неговата последна работа беше помошник тренер на Австралија.

„Сто проценти го сака тоа. Можеби тоа му е мотивација за работа. Реков одамна, нема да си замине како свеќа што полека гори, но има момент со сите кога ќе се случи нешто што ќе ве приближи до крај, сакате или не. Но тој е фит, се грижи за себе и би се обложил дека би сакал да си игра со својот син“, рече Меуленстин.

Роналдо постигна гол за најголемите европски клубови и собори голем број рекорди во фудбалот. Тој е најдобриот стрелец во историјата (910 гола во 1.247 натпревари според Transfermarkt). Погодуваше за Спортинг Лисабон, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус…

Слични содржини