Роналдо испрати порака до фановите: Невозможно е да се избрише историјата

од Vladimir Zorba
183 прегледи

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО објави долга објава на Фејсбук откако Јувентус испадна од Лигата на шампионите и критиките што ги доби на своја сметка.

Јувентус го победи Порто со 3:2 во реваншот од осминафиналето по продолженијата, но беше елиминиран поради помал број голови на гости. Роналдо страшно киксна при голот на Порто за 2:2 кога се сврте во живиот ѕид и ја пропушти топката низ нозете во голот.

„Поважно од бројот на разочарувања што сте ги доживеале во животот е колку брзо и колку силно ќе застанете на нозе. Вистинските шампиони никогаш не пукаат! Фокусирани сме на Каљари, борбата во Серија „А“ и Купот на Италија, можеме да направиме многу повеќе на овие натпреварувања оваа сезона. Минатото им припаѓа на музеите, но фудбалот не заборава, па така и јас. Не можете да ја избришете историјата, туку продолжувате да ја пишувате ден по ден со упорност, тимска работа и посветеност. Оние што не го разбираат ова никогаш нема да бидат успешни“, напиша Португалецот.

Јувентус во недела ќе игра со Каљари во шампионатот во кој заостанува десет бода зад водечкиот Интер со натпревар помалку.