Фудбалерите на Спортинг ја освоија титулата во португалскиот шампионат по 19 години.
„Лавовите“ го завршија владеењето на Порто и Бенфика со минимална победа над Боависта (1: 0) и ја зедоа првата титула во домашното првенство по 19 години.
Клубот од Лисабон не беше поразен во 32 коло на шампионатот, а прими само 15 голови.
На две кола пред крајот на Премиера, тие имаат осум бода повеќе од Порто, и 12 повеќе од Бенфика.
Клучен човек на овој успех беше тренерот Рубен Аморим, чие доаѓање Спортинг го плати 10 милиони евра.
Во времето кога Спортинг беше последен пат шампион, Аморим не беше ниту професионален фудбалер, и ова е негова трета сезона како тренер.
Минатата сезона го освои Лига купот со Брага, а оваа сезона стигна до двојната круна со Спортинг.
Кристијано Роналдо му ја честиташе титулата на поранешниот клуб.
„Честитки за шампионите“, напиша Португалецот кој порасна во Спортинг.