Роналдо како главна реклама за вакцинација!

од Vladimir Zorba

Директорот на Клиниката за инфективни болести во Џенова, професорот Матео Басети, даде интересен предлог во кој сака да ги вакцинира сите фудбалери кои играат во Серија А, а ги има околу 600.

Предлогот наиде на позитивни реакции и брзо се прошири преку социјалните мрежи, а според тој лекар, имунизацијата на фудбалерите ќе донесе повеќекратна корист.

– Ширењето на вирусот меѓу спортистите би се спречило, одложувањето на фудбалските натпревари, како неодамна Торино и Лацио, би се избегнало поради жариштето на вирусот откриен меѓу играчите, а вакцинирањето на фудбалерите ќе испрати силна порака до навивачите да прифатат имунизација – рече тој.

Најважното име во целата акција е, се разбира, Кристијано Роналдо. Тој сигурно би бил добра „реклама“ за вакцинација.

– Замислете Кристијано Роналдо да се вакцинира? Колку фанови би го следеле неговиот пример, истакна угледниот доктор Басети.

Сигурно е дека огромен број на фудбалски фанатици и португалски симпатизери би „потрчале“ кон вакцината доколку го видат и тој како ја прима.

Слични содржини