Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо наскоро треба и официјално да стане сопственик на 90 отсто од акциите на Крузеиро.
Во тој клуб планира да вложи дури 400 милиони долари.
„Пресреќен сум што ја завршив оваа работа. Имам многу да му вратам на Крузеиро, ќе го вратиме таму каде што заслужува. Имаме многу работа пред нас. Ги замолувам навивачите повторно да се поврзат со клубот. Дојдете на стадион, ни треба многу сила и единство, што да славиме, но имаме многу амбиции“, изјави Роналдо.
Роналдо професионалната кариера ја започна во Крузеиро, а во 1994 година замина во Европа, во ПСВ.
Крузеиро е четирикратен шампион на Бразил, а последните трофеи ги освои во 2013 и 2014 година.
Тој го освои Копа Либертадорес во 1976 и 1997 година.
Моментално се натпреварува во втората лига.
Да потсетиме, Роналдо веќе е сопственик на шпанскиот Ваљадолид.