Роналдо купува шпански гигант?

од Vladimir Zorba
25 прегледи

Светската фудбалска мегаѕвезда Кристијано Роналдо е заинтересиран за купување на еден од најуспешните шпански фудбалски клубови – Валенсија. Веста ја пренесоа медиумите во најголемата пиринејска земја.

Во моментов „лилјаците“ се во сопственост на добриот пријател на Португалецот – Питер Лим. Цената на Валенсија моментално се движи меѓу 400 милиони и 1 милијарда евра.

За купување акции во шпанскиот тим е заинтересирано и кралското семејство во Саудиска Арабија.

Лим сака да го продаде мнозинскиот пакет уште оваа сезона.

Слични содржини