Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо повика на внимателност пред дуелот со Македонија кој ќе го одлучи кој ќе оди на Мундијалот.
– Притисокот е секогаш тука. Навистина сакавме да го играме овој натпревар. Ќе биде многу тешко. Ако е Македонија овде, тоа е затоа што тоа го заслужува. Македонците се многу организирани, но ако сме на нашето најдобро ниво, можеме да победиме која било репрезентација во светот, изјави Роналдо.
Тој средбата ја окарактеризира како „натпревар на животот“.
– За нас тоа е натпревар на животот. Ја цениме безрезервната поддршка во претходниот натпревар. Би сакал утре химната да се пее без музика. Ако навивачите бидат како во четврток, сигурен сум дека ќе победиме, заврши Роналдо.
Натпреварот се игра во вторник од 20:45 часот на стадионот „Драгао“ во Порто.