Роналдо може да заработи повеќе од половина милијарда евра за две сезони во Ал-Наср?

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Кристијано Роналдо остана во Ал-Наср, што ќе го чини клубот од Саудиска Арабија „побајаги“. Буквално, затоа што со тие пари би можеле да се изградат болници, театри, теретани… да се нахранат безброј сирачиња во Палестина и така натаму, при што сопствениците на клубот пресметуваат дека, на различни начини, со текот на времето, ќе ги вратат сите инвестирани пари.

И, „Сан“ открива дека станува збор за сума од 577.000.000 евра?! Англискиот весник се повикува на неименуван извор од клубот, според чии тврдења еден од најдобрите фудбалери на денешницата сигурно треба да добие 208.650.000 евра за двете сезони од новиот договор. Покрај тоа, доаѓа и бонус од 28 милиони евра за едноставно согласување да остане на гореспоменатата адреса.

Со опција за зголемување на бројката на 44.580 ако CR7 ја активира втората сезона. Капитенот на португалската репрезентација, познат по својата хуманитарна работа и големи донации од тој тип, беше привлечен и со 15 проценти од сопственоста на клубот, во вредност од околу 40.000.000 евра. Ако биде најдобар стрелец во локалната лига, ќе заработи уште 5.000.000 евра бонуси, или двојно повеќе ако го води тимот до шампионската титула. Плус профит од рекламирање за локални компании…

Исто така, има милиони евра наменети за плати на двоцифрениот број вработени што му служат на големото семејство Роналдо. Фудбалот одамна е многу повеќе од забава за милиони, а стрелецот на 99 голови (во сите натпреварувања), на 111 натпревари за Ал Наср, е и останува „златна кокошка“ од 2023 година.