Роналдо: На Тен Хаг му треба време, но да веруваме дека ќе освојуваме трофеи

од Vladimir Zorba
240 прегледи

Големата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо изјави дека сите играчи на „црвените ѓаволи“ се возбудени поради назначувањето на Ерик тен Хаг. Според Португалецот, на новиот менаџер мора да му се даде време да ги промени работите како што сака. Сепак, CR7 верува дека следната сезона клубот ќе може да освојува трофеи.

„Знам дека заврши одлична работа во Ајакс и е искусен тренер, но мораме да му дадеме време. Работите мора да се сменат како што тој сака. Секако, се надевам дека ќе биде успешен. Затоа што ако успее, ќе успее цел Манчестер. Затоа му посакувам се најдобро. Сите сме среќни и возбудени. Не само играчите, туку и навивачите на тимот. Да веруваме дека следната сезона ќе освојуваме трофеи.

Новата генерација ќе биде иднината на клубот. Јас сум за да се даде шанса на помладата генерација. Доколку децата ме прашаат за совет, ќе им дадам затоа што сакам да помогнам“, изјави Роналдо на веб-страницата на Манчестер Јунајтед.