Роналдо најдобар стрелец во историјата со 760 погодоци

од Stefanija Kuzmanovska
348 прегледи

Најдобриот фудбалер на Јувентус, Кристијано Роналдо стана најдобар стрелец во историјата со 760 погодоци на официјални натпревари.

Португалецот постигна гол во триумфот на Јувентус за трофејот во Суперкупот на Италија против Наполи (2: 0) и го остави зад себе Џозеф Бикан, кој постигна 759.

Бикан играше во периодот од 1931 до 1955 година.

На третото место сега е славниот Бразилец Пеле со 757, а на четвртото место е Аргентинецот Лионел Меси, кој досега има постигнато 742 голови.

Слични содржини