Манчестер Јунајтед беше поразен на гостувањето кај Евертон со 1:0, а резултатот повторно ги разочара сите во клубот од „Олд Трафорд“.
Поразот го погоди и Кристијано Роналдо, кој налутено му го скрши телефонот на навивач кој сакаше да се фотографира со него кога го напушти теренот.
Роналдо се огласи на Инстаграм и јавно се извини, поканувајќи го навивачот да му биде гостин на следниот натпревар.
– Никогаш не е лесно да се контролираат емоциите во тешки ситуации, како оваа сега. Сепак, секогаш мораме да покажуваме почит, трпение и да им даваме пример на младите кои ја сакаат оваа прекрасна игра. Би сакал да се извинам за овој испад и ако е можно, би сакал да го угостам навивачот да гледа натпревар на „Олд Трафорд“ во знак на фер-плеј, напиша Роналдо на Инстаграм.