Роналдо не ги прекина медиумските шпекулации: Сака да си оди, Мендеш врти телефони

од Vladimir Zorba
259 прегледи

Иако ден претходно остро демантираше на социјалните мрежи дека бара нов клуб и бара начин да го напушти Јувентус, Кристијано Роналдо не успеа да ги спречи шпекулациите.

Италијанските медиуми и денес пишуваат дека неговата ситуација во клубот е „многу комплицирана“, но и дека неговото заминување е „уште покомплицирано“.

Според „Кориере дело спорт“, Португалецот е свесен дека повеќе не е во центарот на новиот проект предводен од Масимилијано Алегри, па му наредил на агентот Жорже Мендеш да го спаси од Торино една година пред истекот на договорот.

Сепак, нема конкретни и задоволителни понуди.