Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо денес изјави дека нема да игра на претстојното клупско Светско првенство и додаде дека одбил понуди од неколку тимови кои ќе учествуваат на турнирот во САД.
Роналдо (40) е без договор со Ал Наср на крајот на јуни, кој не се квалификуваше за клупското Светско првенство. По последниот натпревар од сезоната, португалскиот фудбалер изјави на социјалните мрежи дека е затворено едно поглавје.
„Нема да играм на клупското Светско првенство, некои тимови ме контактираа. Некои понуди имаа смисла, некои не. Мора да се размислува за краткорочни, среднорочни и долгорочни цели“, рече Роналдо, како што објави Би-Би-Си.