Роналдо: Нема ништо подобро од тоа да играш за својата земја

од Vladimir Zorba
10 прегледи

Кристијано Роналдо на гала вечера доби награда од матичното португалско здружение.

Славниот напаѓач одигра 216 натпревари во Португалија и постигна 133 гола. Во двете категории тој е рекордер во однос на репрезентативен фудбал воопшто.

„Смешно е. Кога дојдов во репрезентацијата на 18 години, сонував да дебитирам. Потоа размислував за 25-тиот, а потоа и 50-тиот натпревар. Па си помислив: зошто да не дојде до 100, тоа е кружен, трицифрен број. Подоцна целта ми беше 150, а потоа 200. Тоа е одлично чувство“, изјави Роналдо и додаде:

„Откако играте за толку многу клубови и сте освоиле толку многу трофеи, Лигата на шампионите, Златната топка, наградите на ФИФА, нема ништо подобро од тоа да играте за вашата земја. Вие ја претставувате целата култура, вашите деца, мајка, татко, најдобри пријатели. Разочаран сум од играчите кои не сакаат да играат за репрезентацијата“.

Напаѓачот на Ал-Наср моментално има 908 гола во својата професионална кариера. Го прашаа дали може да достигне 1.000?

„Да бидам искрен, јас сум виновен. Јавно кажав дека сакам да постигнам 1.000 гола и сега испадна дека тоа е мојата единствена цел. Мојата цел е да живеам во моментот. Ако дојдат илјада голови, одлично. Ако не, никој не постигнал повеќе голови од мене. Не треба да размислуваме долгорочно. Живејте во моментот и уживајте“, изјави Роналдо.

Во рамките на Лигата на нации, Португалија прво на домашен терен ќе ги одигра натпреварите против Полска на 15 ноември, а три дена подоцна гостува кај Хрватска.

Слични содржини