Роналдо никогаш не доживеал вакво нешто во својата кариера

од Vladimir Zorba
848 прегледи

Нова сезона без трофеј не помина добро кај навивачите на Ал-Наср, кои го пронајдоа главниот виновник во Кристијано Роналдо.

Во зимата 2023 година, Роналдо им се придружи на деветкратните шампиони на Саудиска Арабија откако го напушти Манчестер Јунајтед.

По неговото пристигнување, многу големи ѕвезди решија да го следат, а навивачите добија можност да ги гледаат великаните на овој натпревар.

И покрај големите очекувања, откако Роналдо пристигна во Ал-Наср, овој тим не успеа да освои ниту еден трофеј, а во последните две сезони беше далеку од конкуренција за титулата во домашното првенство.

Тие не издржаа долго ниту во Азиската Лига на шампиони, а навивачите јавно го изразија своето незадоволство.

„Не те сакаме повеќе во тимот, не доаѓај на следниот натпревар“, напиша навивач на социјалните мрежи.

„Те молам оди си, Ал-Наср повеќе не те сака“, додаде друг.

„Направи многу во твоето минато и ние го знаеме тоа. Имаш историја, да, го знаеме тоа, но ништо не си направил за нас. Напушти го клубот и оди во Португалија“, конкретен беше трет.

Слични содржини