280
Кристијано Роналдо не успеа да ја предводи Португалија да го одбрани трофејот на Европскиот шампионат, бидејќи во осминафиналето беа поразени од Белгија со 1-0.
Иако се чинеше дека му е многу жал поради тоа, бидејќи ја фрли капитенската лента на теренот, навивачите на оваа пиринејска земја не веруваат во таа приказна.
Имено, Роналдо објави фотографија од јахтата каде се фотографираше со Џорџина и децата.
„Време е да се одморам со моите сакани“, а потоа следеше зајадлив коментар од навивач:
„Нема разлика помеѓу тебе и мене, и двајцата ќе гледаме полуфинале од дома“.
It’s time to rest with my loves ⚓️💙 pic.twitter.com/maxx9zsUYR
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) July 4, 2021