Кристијано Роналдо е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, а веќе извесно време кон крајот на кариерата настапува во Саудиска Арабија за тимот на Ал Наср. покрај баснословниот договор што го има, не е се така розово во животот на Португалецот, кој од страв реши да прескокне еден од натпреварите на својот клуб во договор со тренерот.
Тој требаше да игра на мечот од азиската Лига на шампиони против Естегал во Иран, но наеднаш се појавија духовите од минатото и стравот да не биде казнет со 100 удари со камшик.
Како се случи сето ова?
Имено, на крајот на 2023 година, Португалецот со својот тим гостуваше на тимот на Песеполис во Техеран кога ирански навивачи го опседнаа хотелот за да се сликаат со него.
Иако Роналдо на повеќето обожаватели им даваше многу малку од своето време, тој реши да застане и да ја бакне во челото Фатемех Хамами Насрабади, уметничка со инвалидитет која во Иран е позната по тоа што ги слика нејзините слики со стапалата.
Сепак, во Иран таквиот гест не остана без последици. Според иранскиот закон, секој физички контакт меѓу маж и жена кои не се во брак се смета за прељуба и може да биде казнет со 100 удари со камшик. Овој инцидент предизвика сериозни контроверзии, а иранските власти подоцна ветија дека ќе преземат мерки за да обезбедат Роналдо безбедно да остане во земјата.
Како што се приближуваше натпревар против Естеглал, приказната од ноември 2023 година повторно се најде во центарот на вниманието, а Ал Наср упати барање до Естеглал да го премести натпреварот на неутрално место, за да го заштити својот играч од можни компликации со властите. Иако Иран одговори негативно, тие уверуваа дека се преземени мерки за да им се обезбеди пријатен престој на Ал Наср и Кристијано Роналдо.
Сепак, Роналдо не веруваше во овие ветувања, па реши да не се приклучи на тимот за натпреварот. Одлуката ја донел во консултација со Стефано Пиоли, тренерот на Ал Наср, кој не го вклучил на списокот на играчи за овој меч.