Лошата сезона на Манчестер Јунајтед по џебот ќе ја почувствува и Кристијано Роналдо.
По пристигнувањето на „Олд Трафорд“ минатото лето, Португалецот прифати драстично намалување на платата, од 965.000 на 542.000 евра.
Сепак, бидејќи Јунајтед очигледно ќе остане без пласман во Лигата на шампионите, без уште еден трофеј во уште една сезона, помалку ќе заработува и Роналдо.
Се верува дека ќе остане без очекуваните шест милиони евра.
Единствениот бонус на кој ќе може да смета е оној кој најверојатно дека ќе биде најдобар стрелец на тимот оваа сезона.
Роналдо од почетокот на сезоната има постигнато 18 гола во сите натпреварувања.
Не е јасно дали Роналдо ќе остане на „Театарот на соништата“ и покрај тоа што има договор на уште година дена.
Јунајтед најверојатно нема да му застане на патот доколку реши да го напушти клубот поради неучеството во Лигата на шампионите, а кон тоа придонесува и неодамнешната изјава на Ралф Рангник дека на лето ќе бара помлад напаѓач.