Роналдо по втор пат оваа сезона прогласен за играч на месецот во Премиер лигата

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар играч во англиската Премиер лига во април. 37-годишниот Португалец ја освои наградата по втор пат оваа сезона, откако беше прогласен за број 1 во септември.

Во април, Роналдо постигна пет гола на четири натпревари, вклучително и хет-трик за победа на Норич со 3-2. Португалската мегаѕвезда по шести пат во кариерата ја освои титулата играч на месецот во Англија и ги израмни рекордите на Хари Кејн и Серхио Агуеро.

Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед во летото 2021 година и оваа сезона има 24 гола на 39 натпревари во сите натпреварувања. Во Премиер лигата има постигнато 18 гола на 30 натпревари и има 3 асистенции.