Роналдо подготвен да го напушти Јунајтед – го менува Левандовски во Баерн?

од Vladimir Zorba
150 прегледи

Кристијано Роналдо размислува да го напушти Манчестер Јунајтед ова лето, пренесуваат португалските медиуми. Тој не е задоволен од тоа како се развива селекцијата во клубот и почнува да губи надеж дека „црвените ѓаволи“ ќе имаат тим кој ќе се бори за титули следната сезона. Според шпанскиот весник „АС“, Роналдо е опција да го замени Роберт Левандовски во Баерн доколку полскиот напаѓач си замине.

Португалската ѕвезда е свесен за интересот на Баерн и ја следи ситуацијата додека чека да види како ќе изгледа Манчестер Јунајтед.

Кристијано минатото лето се врати на „Олд Трафорд“. Тој постигна 24 гола, но беше сведок на една од најслабите сезони на тимот во последните години.

Роналдо изгледаше оптимист за новата сезона и подготвен да работи со новиот тренер Ерик тен Хаг. Во оваа фаза, сепак, тој е разочаран од работата по селекцијата. „Црвените ѓаволи“ се интересираа за многу играчи, како Дарвин Нуњез кој се пресели во Ливерпул и Френки де Јонг, но засега не направија ниту еден трансфер.

Според португалски „Рекорд“, Кристијано дал ултиматум на раководството – „подигнете го нивото или заминувам“.