Роналдо пред нов нов мега договор, ќе заработува над половина милион евра дневно

од Nikola Popovski
35 прегледи

Кристијано Роналдо е блиску до потпишување на мултимилионско продолжување на договорот со саудискиот клуб.

Според информациите од тамошните медиуми, кои ги пренесува „O Jogo“, португалскиот ветеран ќе го продолжи договорот со Ал Наср до јули 2026 година за неверојатни 200 милиони евра.

Роналдо на 5 февруари ќе наполни 40 години, но тој факт не ги спречи богатите сопственици на клубот да му понудат чудесна сума пари за да остане во Ријад по истекот на неговиот договор ова лето.

Наводно, еден од првите играчи кој се согласил да се пресели од врвот на европскиот фудбал во Саудиска Арабија веќе ја прифатил понудата и е блиску до официјално потпишување на договорот.

Португалецот му се приклучи на Ал Наср во јануари 2023 година по неуспешниот период во Манчестер Јунајтед, а според деталите од континуираната соработка ќе остане најплатен играч во светот со заработка од околу 3,8 милиони евра неделно.

Роналдо оваа сезона одигра 18 натпревари во сите натпреварувања и постигна 16 гола со две асистенции.

По 14 одиграни натпревари Ал Наср е трет во првенството со 28 бодови. На 84 натпревари за клубот од Ријад, тој постигна 75 гола на 84 натпревари.

Слични содржини