Мегаѕвездата на светскиот фудбал, Кристијано Роналдо е пред сензационален трансфер во Атлетико (Мадрид), пишува Дејли Меил.
Според информациите на изворот, 37-годишниот Португалец, кој моментално е дел од Манчестер Јунајтед, се согласил да им се приклучи на „јорганџиите“.
За да се реализира таков трансфер, сепак, Атлетико мора да се раздели со една од своите ѕвезди за да ослободи буџет за платата на Португалецот. Најверојатно мадридскиот клуб ќе се обиде да се раздели со Антоан Гризман.
Друга пречка за таков трансфер ќе биде односот на навивачите, бидејќи Кристијано Роналдо во Шпанија се поврзуваше со неговиот ангажман во Реал Мадрид.
Португалецот сака да го напушти Манчестер Јунајтед бидејќи негова желба е да игра во Лигата на шампионите. Не е задоволен ниту од работата на „црвените ѓаволи“ на трансфер пазарот.
Роналдо не ни замина на претсезонската турнеја на Манчестер Јунајтед.