Роналдо разгледува понуда од бразилски тим

од Vladimir Zorba
28 прегледи

Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо би можел да игра за бразилски клуб на Светското клупско првенство следниот месец, објави шпанското издание „Марка“.

Кристијано Роналдо не освои ниту еден трофеј со Ал Наср оваа сезона, а уште полошо, не успеа да се квалификува за Азиската Лига на шампиони следната сезона и ќе игра само во лигата и Купот на Саудиска Арабија.

Недостатокот на успех предизвика превирања во клубот, јасно е дека амбициозниот Роналдо не е среќен, а 40-годишниот напаѓач веќе доби супер понуда која не е лесна за одбивање, и тоа не од европските гиганти, туку од Бразил.

Инвеститорите од Бразил кои сакаат да го видат Роналдо на Светското клупско првенство ги здружија силите и ќе се обидат да го привлечат најпопуларниот спортист во светот и најдобриот стрелец во историјата на фудбалот.

Името на клубот не е објавено, но јасно е дека е еден од четирите што ќе учествуваат на Светското клупско првенство – Палмеирас, Фламенго, Флуминенсе или Ботафого.

Влијанието на Кристијано го зголеми интересот за саудискиот фудбал многукратно, но се бараат и резултати, а тие ги нема. Ал Наср и Ал Хилал не успеаја, па сега дилемата на Кристијано е дали да прифати да игра за клуб од Бразил, што би му отворило врата за учество на Светското клупско првенство на ФИФА, кое ќе се одржи за прв пат ова лето.

Слични содржини