Луис Назарио де Лима Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, се кандидираше за претседател на Бразилската фудбалска асоцијација.
Поранешниот ас на Барселона, Интер, Реал Мадрид и Милан, два пати добитник на Златната топка, се кандидира за функцијата наместо досегашниот претседател Едналдо Родригез.
Неговата главна причина е верувањето дека бразилскиот фудбал предолго стагнира, уште откако неговата генерација со Ривалдо, Роналдињо, Роберто Карлос и други беше светски шампион во 2002 година.
🚨🇧🇷 Official: Ronaldo Nazario is now candidate to Brazilian Federation presidency. pic.twitter.com/oCLlV5dLrW
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 16, 2024
„Со децении, бразилскиот фудбал беше бегство за нашиот народ од секојдневните проблеми. Денеска ја гледаме тоталната незаинтересираност на населението. Тоа е една од стотиците работи кои ме мотивираат да станам кандидат за претседател на Бразилската фудбалска асоцијација“, вели тој.
Мандатот на Родригез трае до март 2026 година, а претседателските избори мора да се одржат точно 12 месеци порано.
Роналдо, кој одигра 94 натпревари за Бразил, е вториот најдобар стрелец во историјата на Светските првенства зад Мирослав Клосе. Два пати беше шампион на планетата, во 1994 и во 2022 година, а потоа почна падот на Бразил.
Само еднаш успеа да го помине четвртфиналето, а тоа беше на домашен терен во 2014 година, кога беше четврти, а сите го очекуваа тронот.