Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо сака клубот да донесе две засилувања во летниот преоден рок и на крајот на сезоната ќе разговара со управата за можно заминување од Торино, објавија италијанските медиуми овој четврток.
Договорот на Роналдо со Јувентус истекува во јуни следната година, но шпанските медиуми неодамна објавија дека Португалецот може да го напушти клубот на крајот на сезоната и да се врати во Реал Мадрид.
„Газета дело Спорт“ објави дека Роналдо сака да му помогне на Јувентус и дека сака најмалку двајца нови играчи кои би можеле да го понесат товарот на големите амбиции на клубот во Италија и Европа.
Весникот наведува дека агентот на Роналдо, Хорхе Медес ќе разговара за сè со управата на Јувентус на крајот од сезоната.
Роналдо во моментов е со репрезентацијата на Португалија.