239
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, изјавил дека сака да игра за португалската репрезентација на Европското првенство во 2024 година, кое ќе се одржи во Германија, пренесуваат британските медиуми.
Роналдо изјави дека Светското првенство во Катар годинава нема да биде последното големо натпреварување во неговата кариера.
„Моето патување не е завршено. Ќе бидам дел од Светското првенство, а сакам да бидам и на ЕП во 2024 година. Ќе ме гледате уште некое време“, изјави португалскиот репрезентативец.