Кристијано Роналдо му посочи на раководството на Манчестер Јунајтед кандидат за нов менаџер.
Португалецот би сакал Оле Гунар Солскјер да го наследи шпанскиот стручњак Луис Енрике, актуелен селектор на Шпанија.
Енрике е еден од кандидатите во сенка за клупата на „црвените ѓаволи“, а Роналдо веќе го кажал своето мислење кого би сакал да го види во конкуренција на Зинедин Зидан.
Интересно, Роналдо никогаш не соработувал со Луис Енрике, за разлика од Зидан, но сепак би сакал да го види на „Олд Трафорд“.
Како можни решенија се споменуваат и менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс и Ерик Тен Хаг од Ајакс.